Градоначалникот на Лос Анџелес ја одби понудата да работи во администрацијата на Бајден

Од:

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети изјави дека ја одбил понудата да работи во администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, заради пандемијата на новиот коронавирус.

Гарсети, кој се споменува како можен кандидат за министер за транспорт во администрацијата на Бајден, рече дека со зголемувањето на случаите на Ковид-19 во вториот по големина град во САД, тој смета дека треба да остане градоначалник.

Гарсети, кој е во домашен карантин, откако неговата ќерка се тестираше позитивно на Ковид-19, истакна дека најголемиот број случаи на инфекција и смртни случаи се забележан во вториот по големина американски град во средата.

„Очекуваме да имаме повеќе мртви тела отколку што имаме простор за нив“, рече градоначалникот, додавајќи дека тоа го плаши.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел