Машки труп во фаза на распаѓање вчера е пронајден во близина на Вардар во скопското село Долно Лисиче.
Од полиција посочуваат дека телото било во фаза на распаѓање.
По наредба на истражен судија трупот е предаден на обудкција.
Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за расчистување на случајот.