Во Охрид ќе се одбележат 250 години од раѓање на Лудвиг ван Бетовен

Од:

Со низа активности и манифестации денеска во Охрид ќе биде одбележана 250-годишнината од раѓањето на познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен.

Предвидено е на повеќе локации низ градот да се изведуваат и пуштаат дела на славниот светски композитор, а негови композиции ќе се емитуваат и на локалните радио станици како и во угостителските објекти.

Во чест на големиот уметник своја верзија на неговата „Ода на радоста“ снимија уметниците Ѓоко Танески и Жармена Китрозоска, како и изведба на охридскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“.

Кон одбележувањето на јубилејот се вклучија и учениците од Музичкото училиште „Методиј Патчев“ од Охрид, а во рамки на активностите на фасадата на нивното училиште е исцртан графит со ликот на големиот уметник.

Лудвиг ван Бетовен е еден од најпознатите светски композитори од периодот на класицизмот и раниот романтизам. Роден е во декември 1770 година во семејство со холандско потекло, а живеел и кариера направил во Виена. На само 30 години почнал да го губи слухот, а потполно оглувел на 46 години. Последните десет години од животот компонирал целосно глув, напротив некои од неговите најпознати дела се токму од тој период од неговиот живот.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска