Здружението на музички педагози реагира на новата концепција за основно образование

Од:

Здружението на музички педагози реагира на најавената нова концепција за основно образование и во допис до медиумите укажува дека години наназад музичките педагози се оштетени со намалување на фондот на часови.

Разгледувајќи други образовни концепции, како што наведува, увиделе дека предметот Музичко образование во нацртот е застапен со најмал фонд на часови.

– Со новата концепција сметаме дека е направена неправда, наместо да се зголеми фондот на часови, тој се намалува. Сметаме дека фондот на часови по предметот Музичко образование треба да се зголеми со тоа што предметните наставници ќе предаваат од прво до девето одделение. Според предлогот на новата концепција, сметаме дека се оштетени наставниците, а дирекно и учениците кои ја губат уметничко-духовната компонента, се наведува во реакцијата на Здружението и неговата претседателка Силвана Гелеска.

Здружението бара музичките педагози активно да бидат вклучени во изработката на новата концепција за основно образование.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро