Конгресот на САД поблиску до договорот за 900 милијарди долари финансиска помош за граѓаните

Од:

Конгресот на САД е поблиску до договор во висина од 900 милијарди долари федерална финансиска помош, а законот најверојатно ќе биде усвоен пред Божиќ (25 декември).

Иницијативата предвидува нова рунда преговори за мерките за економска стимулација и продолжување на исплатите за невработеност. Пакетот предвидува и еднократна помош од 1.200 долари за секој Американец со ниски приходи.

Лидерите во Конгресот успееја да направат вистински прогрес на дискусиите, кои во вторникот продолжија до доцна во ноќта. Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, синоќа изјави дека постои оптимизам.

-Има постигнато значителен прогрес во разработката на пакетот за помош поврзан со пандемијата. Ни требаат пари за распространување на вакцината, треба да со обнови програмата за помош на бизнисот, за да се зачуваат работните места, треба да се продолжи со поддршката на невработените, истакна тој.

– Прашањето не е затворено, но сме многу блиску (до договор), изјави Чак Шумер, лидер на демократите во Сенатот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија