ВИДЕО: Во напната атмосфера, тутунарите на средба со министерот за земјоделство го искажаа своето незадоволство

Од:

Во салата на општинската зграда во Прилеп, вчера попладне министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, остварил средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија.

Како што информираат од ресорното министерство, во напната атмосфера, тутунарите го искажале своето незадоволство од непочитувањето на договорот од петокот, од страна на откупните претпријатија, како и незадоволството од проценката на тутунот.

Министерот Хоџа ги известил тутунарите за вчерашниот состанок, кој бил одржан заедно со премиерот Заев и откупувачите.

Ги известил и за моменталната откупена количина и просечната откупна цена на тутунот.

„За жал, тоа што јас јавно го кажав во петокот не беше испочитувано од некои од поголемите откупувачи и нормално револтот кај тутунопроизводителите се зголеми. Поради тоа, јас веднаш дојдов во Прилеп, на нивно барање, за да се договориме како може понатаму да се одвива работата. Иницијативниот одбор, како противодговор на неисполнувањето на договореното на состанокотот во петокот во Скопје, ќе продолжи со организирањето на протести, со блокада на патниот правец Скопје-Прилеп. Тие ќе протестираат, но откупниот процес ќе продолжи да се одвива непречено“, изјави Хоџа.

Министерот повика на воздржаност и почитување на договорот од петокот, постигнат помеѓу двете страни.

Најавена е повторна средба в петок, на која ќе присуствуваат двете страни, за да биде направен пресек на количината на откупен тутун за оваа недела. Според него, преку тие бројки ќе се добие солидна основа за разговор и анализа.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп