Дополнетиот предлог-буџет за 2021 на пленарна седница

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска е закажана пленарна седница на која како прва точка на дневниот ред е ставен Дополнетиот предлог-буџет за 2021 година во второ читање.

Седницата е закажана во 13 часот, по седницата на која шефот на државата има годишно обраќање пред пратениците.

Во Предлог-буџетот за следната година планиран е раст на економијата од 4,1 процент, а буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9 проценти. Приходите се планирани на 212,6 милијарди денари, а расходите на 247,5 милијарди денари. Капиталните инвестиции се во износ од 23 милијарди денари.

Буџетот има три основни цели: зајакнување на финансирањето на системот на
здравствена заштита и зачувување на здравјето и животите на граѓаните, поддршка на економската стабилизација и поставување на темелите на солидно економско заздравување и забрзан раст, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции (ЕУ и НАТО).

За првпат Предлог-буџетот е пропратен со петгодишна Стратегија за економско заздравување и забрзан раст.

Очекувањата се дека по растот од 4,1 процент следната година, во 2022 година ќе имаме раст од 4,6 проценти, во 2023 година од 5,2 проценти, во 2024 од 5,6 проценти и во 2025 година од 5,9 проценти.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата