Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го предложи својот ривал во претседателската трка кај Демократите, Пит Бутиџиџ, за министер за транспорт, пренесоа американските медиуми.
Доколку биде потврдено неговото именување на позицијата, Бутиџиџ ќе биде првиот деклариран хомосексуалец кој ќе биде член на американскиот претседателски кабинет.
Бутиџиџ, поранешен градоначалник на мал град во Индијана, имаше неверојатен политички подем додека се бореше за претседателската номинација на Демократската партија оваа година.
38-годишниот политичар им постави сериозен предизвик на Бајден и другите демократски кандидати пред да се откаже од трката, во март 2020 година, и потоа да го поддржи Бајден.
Кандидатурата на Бутиџиџ ќе треба да ја потврди Сенатот, за тој и официјално да се приклучи кон кабинетот на Бајден како министер за транспорт.