Албанскиот премиер Еди Рама, на онлајн прес конференција на новинарско прашање дали е можно разрешување на генералниот директор на полицијата, Арди Велиу, рече дека тоа нема да се случи, додавајќи дека на улица не се одлучува кој треба да замине, а кој да дојде.
-Како може да бараат Велиу да замине. На улица не се одлучува кој ќе замине и кој ќе дојде. Предвидено е врз која основа е правилно тоа. Редно беше владата да се извини. Не дека е вмешана во убиството, туку дека момчето е убиено од државно оружје. Редно беше министерот за внатрешни работи Сандер Лешај, да инсистира дека треба да си замине, а не дека има одговорност во случајот. Тој поднесе оставка не поради протестите, туку од морална причина.
Разрешувањето на Велиу, инаку, е последователно барање на учесниците на протестите, по она за министерот Лешај.
Според Рама и тој доколку не би бил премиер, ќе се појавел на првиот протест организиран за убиството на Клодијан Раша, но според него немало да манифестира насилство.
– Доколку не бев премиер јас ќе протестирав, прв ќе излезев, но не за да ги гаѓам полицајците в лице, да кршам прозорци друг државен имот, туку за да ја изразам огорченоста. Ќе протестирав за правда, рече Рама.
Тој и денеска го повторни обвинувањето дека протестите ги поттикнуваат и оркестрираат актуелниот претседател Илир Мета и поранешниот Сали Бериша, со што се „деградирани како личности“.
Премиерот Еди Рама денеска го посети семејството на 25-годишнот Клодјан Раша, кој пред седум дена беше застрелан од полициски сецијалец.
Ова е третпат како Рама го посетува семејството Раша. Вчера владата донесе одлука со која на семејството им се доделува пензија во месечен износ од 500 евра.