ССМ: Да престанат шпекулациите, регрес за годишен одмор мора да се исплати

Од:

– Работодавачите, невладините организации и Државниот инспекторат за труд да не чекаат дали требало или не требало да се исплати регресот за годишен одмор и да се надеваат дека некој ќе ги ослободи од оваа обврска. ССМ и ОРМ со потпишување на Општиот колективен договор веќе кажале дека мора да се исплаќа регресот за годишен одмор – велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

ССМ, наведуваат оттаму, како единствен репрезентативен синдикат во државата, очекува работодавачите да ја исполнат обврската за исплата на регрес за годишен одмор така како што е утврдена во Колективните договори. Ги потсетуваат работодавачите дека имаат уште 15 дена до крајот на годината, а потоа конечно, како што велат, очекуваме надлежните инспекциски служби да ги казни оние кои нема да ја исполнат оваа обврска и да ги задолжат со решение да ја исполнат.

Од ССМ велат дека регрес за годишен одмор за работниците од приватниот сектор мора да се исплати и потсетуваат дека важењето на колективните договори не може да се суспендира од државните органи.

Од ССМ посочуваат дека обидите за манипулирање и создавање сомнеж кај работниците од страна на, како што велат, некакви невладини организации кои се кажуваат дека работат на заштита на работничките права, па и државни институции мора да престанат.

– Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40 отсто од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач. Општиот колективен договор за приватниот сектор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и нема исклучоци, се наведува во соопштението од Сојуз на синдикатите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите

А1он

ССМ: Функционер со 2.500 му кажува на работник со 400 евра плата како добро се живее, за да не аздиса

А1он

Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Горан Наумовски

Трендафилов: Да не замајуваат со кошнички, туку да ги зголемат платите

ССМ утре ќе бара 500 евра минимална плата и 6.000 денари зголемување на сите плати

А1он

Синдикалната минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

Горан Наумовски