Рим му вети на Берлин дека ќе ги прифати африканските имигранти, кои од Италија заминале за Германија

Од:

Италијанската Влада вети дека ќе ги прифати назад стотиците африкански имигранти, кои прекуморе пристигнале во Италија, но потоа се префрлиле во Германија, изјави вчера портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.

Весникот „Билд“ неодамна објави дека италијанските власти им даваат пари на голем број Африканци, кои ги советуваат да заминат за Германија. Весникот појаснува дека станува збор за суми од по 500 евра како награда за заминување од Италија.

Во соопштението на германското Министерство за внатрешни работи се наведува дека за ова прашање се воделе преговори со италијанската страна во период од две недели.

Портпаролот на Министерството изјави дека датумите за враќање на имигрантите во Италија ќе бидат определни на индивидуална основа.

Околу 300 мажи и жени, претежно од Либија, Гана и Того се собраа во северниот германски град Хамбург и социјалните служби се соочуваат со проблеми за да им обезбедат сместување и храна на тие лица.

„Билд“ пишува дека еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром побарала објаснување од Италија зошто им издавала лични документи на имигранти, со кои тие потоа се стекнале со право да патуваат во ЕУ.

Италијанското Министерство потврди дека им биле давани пари на имигранти при напуштање на привремените бегалски центри, кои беа отворени во Италија поради приливот на имигранти по Арапската пролет, но беа затворени кон крајот на минатата година.

Италијанскиот амбасадор во Берлин Елио Менционе меѓутоа демантираше дека на имигрантите им било советувано да заминат за Германија.

– Тоа е клеветничка и одвратна интерпретација, дадена од германските медиуми, изјави Менционе.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски