(ВИДЕО) Спасовски: Со унапредување на начелата на ЗКП до етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста

Од:

Начелото на презумција на невиност, начелото на законитост и пропорционалност и начелото на правично судење, заслужува целосна поддршка на Министерството за внатрешни работи, констатираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната промоција на едукативниот проект на Македонскиот полициски синдикат на тема „Унапредување на основните начела на Законот за кривична постапка и примена на полициските овластувања“, наменет за полициските службеници, што се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.

-Како стожерен закон во истражно-обвинителскиот сегмент на спроведувањето на законите, Законот за кривична постапка ги дефинира и регулира местото и надлежностите на полицијата, отворајќи реално големи можности за подобро справување со криминалот на институционално или системско ниво, секако, истовремено овозможувајќи ни подоследно спроведување на законите, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, истакна Спасовски.

Во своето обраќање министерот нагласи дека полициското функционирање низ нормативните механизми на овој закон, којшто овозможува не само модернизирана кривична постапка, усогласена со европското законодавство, туку и зајакнување на ефикасноста на кривично-правниот систем, е од суштинска важност.

-И тоа подеднакво, како во смисла на децидно и бескомпромисно почитување на полициските обврски преку пропишаните законски одредби, така и во смисла на почитување на полициските надлежности, без никаква дилема во нивната законита оправданост. Особено низ призмата на јавната опсервација на полициското постапување, а пред сè од аспект на почитувањето на човековите права и слободи, додаде Спасовски.

Министерот потенцираше дека проектот има за цел и натамошно квалитативно унапредување на правните прописи за полициско постапување, пред сè при употреба на средства за присилба, уште повеќе минимизирајќи ги сите евентуални консеквенци, што можат да предизвикаат каква и да е јавна реакција по однос на законитоста на полициското работење, елиминирајќи ја можноста за појава на т.н. ‘полициска бруталност’.

-Истовремено, проектот има јасна тенденција да им даде до знаење на полициските работници дека нема да бидат препуштени сами на себе во случаите на кривични постапки, каде се тие странки или оштетени, што пак, од аспект на синдикалните принципи на работење, претставува јасен израз на синдикална солидарност и професионална помош, рече Спасовски.

Тој ја поздрави иницијативата на Македонскиот полициски синдикат која во наредниот период ќе се реализира низ сите организациони полициски единици на МВР.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он