Обвинение за „Поштенска банка“ на СЈО, се гонат ексдиректорот и бизнисмени

Од:

Обвинителството поднесе обвинение до Кривичниот суд, со кое ги обвинува ексдиректорот на „Поштенска банка“ Коле Смилевски, гевгелискиот бизнисмен и сопственик на фирмата „Ноел“ Томе Главчев и бизнисменот и ексградоначалник на Кочани, Ратко Димитровски за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Во случајот „Поштенска банка“ кој го водеше СЈО, се гонат и сопственикот на винаријата „Езимит“ Зоран Митревски, Влатко Димитровски, заедно со Зоранчо Митровски, Георги Каратолис, Викица Поповски, и две лица со иницијали З.Ш и В.Ш.. Според Обвинителството, сите заедно сториле кривично дело перење пари и други приноси.

Со дејствијата што обвинетите ги презеле бесправно се пуштени пари во оптек во вредност од над девет милиони евра.

Основното обвинителство денеска соопшти дека од почеток на 2001 година до крајот на 2004 година Коле Смилевски, Томе Главчев и Ратко Димитровски како одговорни лица во правни лица, со намера за две правни лица во приватна сопственост да прибават значителна имотна корист, ја злоупотребиле службената положба и овластување во вршење на нивните посебни овластувања за законито работење на правните лица.

„Првообвинетиот К.С. (Коле Смилевски) во почетокот на 2001 година како директор на правно лице – штедилница во државна сопственост, со обвинетите Т.Г (Томе Главчев) и Р.Д. (Ратко Димитровски)  го договорил начинот на кој при трансформација на штедилницата во банка, освен утврдениот основач, како основачи да се јават и правните лица на обвинетите Т.Г. (Томе Главчев) и Р.Д. (Ратко Димитровски). За таа цел обвинетите Т.Г. (Томе Главчев) и Р.Д. (Ратко Димитровски) земале краткорочни кредити од комерцијални банки кои требало да се вратат со одобрени кредити од новата банка, на правни лица што обвинетите Т.Г. (Томе Главчев) и Р.Д. (Ратко Димитровски) ги избрале. Така, првообвинетиот (Коле Смилевски), како генерален директор во банката, со цел да го исполни договорот, склучил договори за кредити со седум правни лица што ги избрале обвинетите Т.Г. (Томе Главчев) и Р.Д. (Ратко Димитровски) и им одобрил и исплатил кредити во вкупен износ од 144.500.000 денари или 2.349.594 евра“, информира ЈО.

Според обвинителството бизнисмените Главчев и Димитриевски, по основ на наводни позајмици организирале исплатените средства да бидат уплатени на нивните правни лица. Во обвинението стои дека со позајмицата, двајцата го исплатиле кредитот земен за основачки влог во комерцијалните банки.

„Со ваквите дејствија двајцата постапиле спротивно на чл.38 од Закон за банки кој предвидува ‘Банката не може да одобри кредит или да воспостави друг облик на кредитна изложеност кој директно или индиректно ќе се искористи за купување акции во истата банка’. Со добивање на акции од трансформираното правно лице – банка, прибавиле противправна корист и со тоа спротивно на законот станале основачи. Искористувајќи ги своите позиции во банката Т.Г. и Р.Д. овозможиле друштвата што добиле кредити воопшто да не го враќаат долгот на банката“, соопштија од Обвинителството.

Обвинетиот ексдиректор на „Поштенска банка“, Коле Смилевски, со внесување на административно-деловниот објект во изградба со пазарна вредност од 404.590.850 денари или 6.578.713 евра кој бил имот на штедилницата, како имот на банката, овозможил значително да се зголеми вредноста на акциите што ги поседувале правните лица на Томе Главчев и Ратко Димитровски, стои во обвинението. Според него, двајцата бизнисмени како основачи на банката, незаконски се стекнале со 2/3 од вредноста на административно-деловниот објект, односно значителна имотна корист од по 134.863.616 денари или по 2.192.904 евра.

„Воедно, К.С. (Коле Смилевски) без исполнување на законските услови, во неколку наврати одобрувал кредити на друштва, при што договарал долгот воопшто да не се враќа. Со ваквите дејствија била прибавена значителна имотна корист за друштвата, а парите, иако знаеле дека се прибавени со казниво дело- Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.4 вв со ст.3 вв со ст.1 од КЗ, биле примени и пуштени во оптек од страна на обвинетите Т.Г (Томе Главчев), З.Ш., В.Ш., Р.Д. ,(Ратко Димитровски), В.Д. (Влатко Димитровски).Во периодот од 2002-2004 година, шест друштва постапиле спротивно на чл.38 од Законот за банки и се обиделе акциите на банката од втората емисија да ги купат со средствата од самата банка. К.С. (Коле Смилевски) иако знаел дека Народна банка не го одобрила спроведувањето на втората емисија, без да постои правен основ, со управителите на друштвата кои учествувале во купување на акциите склучил договори за надомест на штета, притоа банката на друштвата им исплатила вкупен износ од 81.703.461 денар по основ на наводна камата. Со овие дејствија К.С. (Коле Смилевски)  за друштвата прибавил значителна корист, а со добиените средства обвинетите затвориле поголем дел од обврски и кредити за кои имале интерес“, додаваат од Обвинителството.

Во обвинението стои дека на почетокот на 2005 година, со цел да ја прикријат прибавената корист од трансакциите, во име на своите правни лица, бизнисмените Главчев и Димитровски подигнале кредити во износ на 144.000.000 денари, односно 100.000.000 денари од Еуростандард банка и ги исплатиле кредитите на друштвата во банката. Во исто време, двајцата обвинети при банкарско работење го замениле имот што го прибавиле со казниво дело и прикриле дека тој имот потекнува од казниво дело.

„Имено, на почетокот на 2005 година, кога станале свесни дека со нивната противправна имотна корист, ја оштетиле Македонска пошта, единствениот реален основач на банката, за вкупен износ од 8.134.504 евра, го искористиле капиталот на банката и за да одбегнат добивање согласност од Македонска пошта како акционер со златна акција, ги отуѓиле акциите евидентирани на нивните правни лица. За таа цел, како што информира обивнителството, од Еуростандард банка АД подигнале кредит во износ од 244.000.000 денари или 3.967.480 евра, а како гаранција за подигнатиот кредит ги заложиле акциите кои биле евидентирани на нивно име во банката. Кредитите не биле вратени и Еуростандард банка станала сопственик на заложените акции. Обвинетите Т.Г. (Томе Главчев ) и Р.Д. (Ратко Димитровски) со паричните средства од кредитот на Еуростандард банка исплатиле дел од противправно прибавена корист во вкупна вредност од 241.343.619 денари или 3.924.286 евра на име на кредити што биле употребени за стекнување на основачки влог во банката и фиктивни кредити кои индиректно ги користеле за сопствени потреби“, велат од Обвинителството.

Обвинителството во врска со предметот донесе и наредба за проценка на замрзнатиот имот и евентуален дополнителен имот во сопственост на обвинетите со кој би се реализирала постапката за конфискација.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски