Поетски избор „Метрички карван“ со автори од Гевгелија и Прилеп

Од:

Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија објави седмо издание на збирката поезија „Метрички карван“. Поетскиот избор годинава вклучува автори од Гевгелија и Прилеп, а е составен од Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров.

Застапени се песни од гевгелиските поети: Стефан Марковски, Васил Тоциновски, Стефчо Стефанов, Катерина Гогова, Димитар Арнаудов, Јосип Коцев, Лилјана Пецова-Илиеска, Жаклина Атанасова, Јадранка Клисарова, Олгица Ќурчиева, Петар Јанчев и Пепи Стамков и од прилепските: Василе Димески, Петар Петрески, Славчо Ковилоски, Сузана Ѓорѓиевска, Кирил Михаиловски, Игор Трпчески, Габриела Стојаноска-Станоеска, Тони Павлески, Жаклина Свеќаровска, Кирил Бисероски и Александар Војнески.

Во изборот доминираат автори од помладата генерација творци кои, како што посочуваат составувачите, „со себе носат современ поетски сензибилитет кој ги воспева егзистенцијалните норми и димензии како мисла и смисла на светот и векот – минливоста, бесмислата, апсурдот и парадоксот“.

– Во просторот се откриваат нивните бои, мириси и вкусови. Така, во гевгелиските воспеви зад секој збор се калинката, смоквата, грозјето, крапот, молкот на езерската вода, а легендите и преданијата како далечно прилепско ехо ги отсликуваат каменот, карпите, тутунот, соопштија составувачите на поетската книга.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот