ЗОИ во Сочи ќе чинат поскапо од сите досегашни такви игри, тврдат руски опозиционери

Од:

Зимските Олимписки игри во Сочи ќе бидат фантастични, изјави претседателот на МОК Жак Рохкој, објавува „Независимаја газета“.

Игрите ќе бидат фантастични и според авторите на критички настроен извештај претставен во весникот.

Руските политичари од вонпарламентарната опозиција Борис Немцов и Леонид Мартинјук во документ за ОИ прават споредби со порано одржаните олимпијади.

Според расходи од над 50 милијарди долари, Олимпијадата во Сочи ќе биде поскапа од трошоците за спортските објекти на сите досегашни зимски олимпијади – 21. Најголем дел од средствата се државни расходи. Станува јасно дека дури и најскапата Олимпијада во Пекинг во 2008 година била поевтина од таа во Сочи – чинела според официјални податоци 43 милијарди долари, се вели во извештајот.

Вкупната сума за подготовките за ЗОИ во Сочи е речиси четири пати повисока од првичните сметки. Критичарите наведуваат дека песрпективите за понатамошно користење на изградените објекти се речиси никакви и постои голем ризик.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Несреќа во Сочи: Девојката ја однесе бран на плажа, се уште не ја нашле

Горан Наумовски

Силен ветер во Сочи, едно лице загина, 12.000 луѓе без струја

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот