Штрајк на музејските работници во Велика Британија

Од:

Неколку илјади музејски работници во Велика Британија штрајкува протестирајќи против намалувањето на платите и пензиите, како и против влошувањето на условите на работа.

Поради вчерашниот 24-часовен штрајк целосно или делумно беше парализирана работата на големите музејски комплекси во земјата.

Во Лондон беа затворени многу од салите на Националната галерија како и галеријата „Тејт модерн“.

Во некои градови како Ливерпул штрајкот почна подоцна и ќе продолжи денеска попладне. Во недела протестот на музејските работници ќе биде поддржан од работниците кои го обезбедуваат функционирањето на историски згради и археолошки споменици, вклучувајќи го комплексот Стоунхенџ.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот