На предвремените избори за градоначалник на општина Штип до 15 часот гласале 9 620 избирачи, односно 23,03 проценти со право на глас, а во Општина Пласница 1 658 гласачи или 33,47 проценти, соопшти попладнево Државната изборна комисија.
До овој момент до Државната изборна комисија, како што соопштија оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.
Деталните информации во однос на излезеноста на гласање , како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.
Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.
Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година. На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачите од четири села може да гласаат на девет избирачки места.
Во СВР Штип претпалден во 10:25 часот е пријавено од член на Избирачки одбор дека на гласачкото место 2276 лоцирано во штиспката детската градинка „Вера Циривири Трена“ лица на возраст од 72 и 67 години гласале на посоченото гласачкото место иако биле позитивни и биле во списокот за изолација од Ковид-19.
На списокот за изолација се од 12 декември 2020. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова изјави дека известен е јавен обвинител по чија насока по комплитирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Како што информира претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева процесот на гласање на гласачкото место не бил прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција.
Изминатите два дена во Штип и Пласница гласаа ковид болните, лицата во изолација, болните и немоќни, осудениците и станари на геријатриски домови. Како што соопшти синоќа Државната изборна комисија, избирачките одбори го спроведоа гласањето на овие лица и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација.
Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас. Гласење е спроведено во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени двајца гласачи кои се од општина Штип, од кои само едниот го оствари своето право на глас. На гласачките места во казнено поправните установи своето гласачко право вечера можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница, кој исто така го остварил правото на глас.