Фискална стратегија: Удвојување на економскиот раст и намалување на невработеноста до 12,4 отсто за пет години

Од:

На среден рок се предвидува просечната стапка на економски раст да достигне 5 отсто, невработеноста да се намали на 12,4 проценти, додека стапката на вработеност да се искачи на 52,1 отсто, се наведува во проекции на ревидираната Фискална стратегија, која првпат дава проекција за епт наместо три години, во насока на подолгорочно планирање.

Според овие проекции, како што информира Министерството за финансии, нето-платата во следните пет години се очекува да расте до просечна стапка од 4 отсто, а извозот, по надминување на ковид-кризата, од следната година се очекува да бележи раст со двоцифрени стапки.

– Во фискалната стратегија се наведува дека од следната година, економскиот раст во земјата се очекува да премине во позитивната зона, во услови на закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка, при што за 2021 е проектиран раст од 4,1 отсто согласно основното сценарио, кое претпоставува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети, поволни ефекти од економските мерки, како и зголемена доверба кај потрошувачите и инвеститорите, се додава во соопштението.

Во стратегијата се наведува дека редизајнирањето на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст (SmartER Growth) се цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување на побрза динамика на економски раст потоа.

– Така, согласно основното среднорочно сценарио, просечниот годишен раст во периодот 2022-2025 година се проектира на 5,3 проценти, односно економскиот раст во 2025 година се очекува да достигне 5,9 отсто, се предвидува во Фискалната стратегија.

Согласно Стратегија, се очекува извозната активност, со исцрпување на неповолните економски ефекти од пандемијата и повисока искористеност на производствените капацитети на домашните компании, како и поради ниската споредбена основа, да забележи раст од 14 проценти во 2021 година.

– Кон ова се очекува да придонесе и проектираниот раст на надворешната побарувачка во услови на позитивни изгледи за економската активност во ЕУ и останатите трговски партнери на земјата. На среден рок, во услови на очекувано стабилизирање на растот на надворешната побарувачка и зголемување на извозниот потенцијал во земјата преку прилив на СДИ, извозот се очекува да има солиден придонес врз економскиот раст, односно е предвидено да забележи просечен годишен раст од 9,1 проценти на реална основа во периодот 2022-2025 година, посочува Министерството за финансии.

Реалниот раст на бруто-инвестициите, во стратегијата, е проектиран на 7,7 проценти во 2021 година, а во периодот 2022-2025 година бруто-инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,5 отсто, при што значајно влијание врз инвестициите е предвидено да имаат планираните инвестиции на јавниот сектор, зголемената поддршка за развој на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, враќањето на довербата на деловните субјекти и поинтензивниот прилив на странските директни иневстиции, поттикнат и од членството на земјата во НАТО.

– Од следната година се очекува раст и кај приватната и кај јавната потрошувачка и тоа за приватната потрошувачка е предвидено да забележи реален раст од 3,5 проценти во 2021 година,а во периодот 2022-2025 година, проектиран е просечен годишен раст од 4 отсто. Растот на јавната потрошувачка е проектиран на 4,3 проценти во 2021 година, а во периодот 2022-2025 година просечен раст од 1,5 отсто – што се должи на напорите за намалување на несуштинските расходи и нивно рационализирање и спроведување на процес на фискална консолидација, се посочува во Фискалната стратегија.

Според проекциите, во периодот 2021-2025 година се очекува просечен раст на бројот на вработени од 2,2 отсто.

– Растот на побарувачката во овој период се очекува да се одрази и врз понудата на работна сила, која е проектирано годишно да се зголеми за 1,2 проценти во просек. Ваквите движења на пазарот на трудот ќе придонесат просечната стапка на невработеност во 2025 година да се намали на 12,4 отсто, додека просечната стапка на вработеност да се зголеми на 52,1 проценти, се наведува во документот.

Во Стратегијата, како клучни елементи на среднорочната фискална политика се наведуваат редизајнирањето на буџетската политика и фискалната консолидација, кои се во насока на поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.

– Редизајнирањето на буџетската политика е во тесна врска со стратегијата за економско заздравување и забрзан раст, која е составена од четири столба: економско заздравување од Ковид-19, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси и еднакви можности. Предвидено е и етапно менување на структурата на буџетските расходи во насока на зголемување на уделот на капиталните инвестиции, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска