Видеоконференциски состанок на НБ со дипломатскиот кор: Растот следната година очекуваме да биде поддржан од сите извори

Од:

Најновите макроекономски проекции на Народната банка преку видеоконференциска состанок без презентирани пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции.

Презентирајќи ги проекциите, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочи дека макроекономското сценарио и ризиците околу него пред сѐ се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти.

–Проектираниот економски раст за следната година, очекуваме дека би бил поддржан од сите извори на растот, при што домашната побарувачка би имала позитивен придонес. Очекуваме постепено намалување на воздржаноста и зголемување на склоноста кон потрошувачка. Потрошувачката на домаќинствата би била и поддржана преку растот на расположливиот доход и солидната кредитна активност од страна на банките. Очекуваме и зголемена инвестициска активност и зголемена склоност за преземање нови инвестициски одлуки, оцена што е во согласност со натамошен раст на кредитирањето на компаниите, интензивирање на државните инфраструктурни проекти, како и со стабилизирањето на глобалната економија, раст на извозот и зголемени странски директни инвестиции, истакна гувернерката.

Како што соопштуваат денеска од Народната банка, на среден рок, напоменато е и на состанокот, дека се очекува растот на економијата да продолжи, но сепак, неизвесноста и ризиците се и натаму присутни.

Во презентацијата, одржана вчера, Ангеловска-Бежоска одделно посочи дека инфлацијата и натаму останува ниска и стабилна, а дека и покрај шокот предизвикан од пандемијата, надворешната позиција на македонската економија е умерена, при што тековните проекции на билансот на плаќања посочуваат на раст на девизните резерви во периодот на проекција.

На состанокот, гувернерката се осврна на кредитната активност, посочувајќи на нејзиниот досегашен солиден раст, значајно поддржан и од релаксираната монетарна политика и овозможената регулаторна флексибилност од страна на Народната банка. Во следниот период се очекува натамошно зголемување на кредитната поддршка, којашто и натаму ќе биде клучна за закрепнувањето на економијата, а во услови на раст на изворите на финансирање и поповолни очекувања.

Како што веќе е и соопштено, главниот надолен ризик за проекциите се поврзува со евентуалното повторно воведување строги рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот, како и евентуалното побавно справување со вирусот од тековните очекувања. Но, од друга страна, позитивен ризик се побрзиот напредок во третманот на корона-вирусот, како и во развивањето вакцина се фактори на оптимистичката страна. Оттука, и во рамки на состанокот беше нагласено дека доколку заканата од корона-вирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне економската активност.

Презентирањето на макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции е традиционална практика, а овој пат, имајќи ги предвид околностите со пандемијата, за првпат се одржа преку видеоконференциска врска.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски