САД го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара

Од:

Мароко ги призна САД во 1777 година. Соодветно е да го признаеме суверенитет на оваа земја над Западна Сахара, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.

Објавата следеше по склучувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и Мароко со посредство на САД, во чии рамки Трамп го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

– Денеска потпишав проглас за признавање на суверенитетот на Мароко над Западна Сахара, потврди Трамп на Твитер.

– Сериозен, кредибилен и реален предлог за автономија на Мароко (врз територијата) е единствената основа за праведно и долготрајно решение за траен мир и просперитет, додаде Трамп.

Тој склучувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Мароко и Израел го оцени како историски чекор напред за постигнување мир на Блискиот исток.

Договорот предвидува воспоставување дипломатски и официјални контакти меѓу Мароко и Израел, летови низ воздушниот простор на овие земји, како и директни летови.

Како дел од договорот, американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го признае суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

Мароко во Западна Сахара со децении се бори со движењето Фронт Полисарио, поддржано од Алжир, кое се обидува да воспостави независна држава на таа територија.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“