Британската Влада сака да им забрани на екстремистите да се појавуваат на телевизија

Од:

Британската Влада навести дека сака да им забрани на муслиманските екстремисти да се појавуваат на телевизија и да даваат интервјуа, а нивните евентуални тонски изјави да бидат покривани, со глас на водителот или на спикер.

Хоум Офисот планира во оваа операција да биде вклучена комисијата која ја надгледува работата на електронските медиуми ОФКОМ, која сега би добила и законско овластување, за да може да им наложи на радио и телевизиските станици во Велика Британија, забрана за разговори и интервјуа со на веќе познати и декларирани исламистички верски или политички лидери.

Со ваквата забрана би била опфатена и интернет мрежата, посебно страницата Јутјуб-на која редовно се промовираат екстремистичките ставови и на кои отворено се заговара омраза и насилство, врз верска основа, против сожителството и против британските и западните културни вредности.

Владата во Лондон сега сака да обезбеди законски овластувања со кои Гугл би имал обврска да ги „чисти“ ваквите сајтови и да не дозволува тие воопшто да се поставуваат.

Ваквиот план е промовиран по минатонеделното брутално убиство на британскиот војник Ли Ригби во лондонскиот кварт Вулич, среде бел ден и на улица. Посебен гнев во Хоум Офисот предизвика Би-Би-Си со решението да го повика на интервју еден од најтврдите исламистички екстремисти Анџем Чудари.

Во интервјуто по повод убиството на војникот, Чудари ги бранеше своите познати ставови за „загрозеност“ на муслиманите и за „омразата која наводно постои кон нив“. Тој тврди дека муслиманите секојдневно се изложени на „насилство“.

Чудари ја нападна британската надворешна политика, инсистирајќи дека таа, ( а не неговите проповеди), е виновна за екстремизмот и за односот на британските муслимани кон земјата во која живеат и во која се родени и образувани најголемиот број од младите британски исламисти. Најголем гнев во јавноста предизвика тврдењето на Чудари дека еден од убијците на војникот, Мајкл Адеболаџо, е човек со „беспрекорен и безгрешен“ карактер.

Намерата за блокирање на настапите на муслиманските екстреми на ради, телевизија, како и на интернет мрежата, е идентична со одлуката на Владата на Маргарет Тачер од 1988 година, за забрана на појавување на телевизија на водачите на ИРА, како и за покривање на гласот на Џери Адамс кога тој даваше изјави.

Организациите за заштита на човековите права и разните либерални задруженија соопштија дека се против плановите на сегашната Влада и на Хоум Офисот.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот