Русија ја обвинува Сириската национална коалиција за попречување на напорите за мир

Од:

Русија упати обвинувања до опозициската Сириска национална коалиција дека се обидува да ги попречи напорите за постигнување мир со тоа што условува Асад да замине од функцијата за да учествува на конференција.

– Имаме впечаток дека националната коалиција и нејзините регионални спонзори прават се што е можно да се попречи почетокот на политичкиот процес, и на секој начин да се постигнат услови за воена интервенција, изјави Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи.

Според него, таков пристап е неприфатлив.

– Националната коалиција не е подготвена да учествува на конференцијата без претходни услови. Тие услови не може да бидат исполнети. И не е добро никој да поставува ултиматуми, додаде Лавров.

Тој вели дека коалицијата нема „контруктивна платформа“.

– Единственото нешто што ги обединува е барањето за итно повлекување на Башар Асад. Но, сите, меѓукои и нашите западни партнери, разбираат дека тој став е нереален, изјави Лавров.

Според него, коалцијата не е еднинствениот претставник на сирискиот народ и има и други сериозни опозициски групи со патриотски позиции.

Би можело да ве интересира

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца