Општина Центар отстрани времени објекти кај Зелен пазар

Од:

Општина Центар отстрани пет времени објекти на улицата „ 11 Окктомври“ на автобуската станица кај Зелениот пазар кои не поседувале решенија за поставување времен објект.

Бидејќи сопствениците на времено поставените објекти не ги почитувале решенијата од Секторот за инспекциски работи и сами не ги итстраниле објектите, општината денеска ги урна четирите киосци и трафиката.

Акцијата на Секторот за инспекциски работи за отстранување на нелегално поставените и изградени објекти ќе продолжи и во наредниот период. Ќе бидат опфатени вкупно 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација за истите, информираат од општината.

Би можело да ве интересира

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Општина Центар издвои еден милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

А1он

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on