Миранда се срами од серијата „Сексот и градот“

Од:

Синтија Никсон, позната по улогата на Миранда во серијата „Сексот и градот“, откри дека се гордее со тоа што серијата направила за жените, но се срами од нејзиното поимање на љубовта, која во добар дел се заснова и на парите.

closet-carrie-bradshaw-jessica-parker_05

Синтија (47) која е во хомосексуален брак со Кристин Мариони во едно интервју проговори за серијата, велејќи дека аспектот на врската која се заснова воедно на љубов и пари, кој е застапен во оваа серија, никогаш не и се допаѓал.

– Се сеќавам кога го снимивме првиот дел на филмот и сцената каде Ѕверка и покажува на Кери гардароберот за чевли, кој го изградил за неа.

– За мене тоа беше поразувачки. Добро, можеби тоа е пресилен збор, нека биде разочарувачки, рече Синтија.

Инаку, таа сцена е многукритикувана од страна на јавноста.

– Ѕверка не само што и купува пентхаус, туку се нуди да и прилагоди простор за чевли и фетиши. Најлудо од се е што публиката на тоа аплаудира, се наведува во критиката на Антонио Лејн, своевремено напишано за „Њујоркер“.

Sex-and-the-City-2-poster-007

Инаку, Никсон, која беше хетеросексуалка се додека не се вљуби во својата сегашна жена Кристин во 2004 година, покрај глумата уште од крајот на серијата работи како геј активист.

Таа многу брзо и призна на јавноста дека се разведува поради друга жена и се посвети на геј правата и јавното образование.

За разлика од својот лик во серијата „Сексот и градот“, Синтија изјави дека не е оптоварена со купување, често оди на пазар, а со метро се вози секаде.

– Што друго да правам, да изнајмам лимузина можеби?, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

„Ѕверката“ обвинет за силување

А1он

„Сексот и градот“ без Саманта, но со нов, родово неутрален херој

Ана Ололовска

Продолжува снимањето на реалистичната приказна на „Сексот и градот“

Ана Ололовска

Новите епизоди од „Сексот и градот“ без Саманта

Ана Ололовска

Третиот филм од серијалот „Сексот и градот“ откажан поради една од протагонистките

Наум Локоски

Во реалниот живот Кери и Ѕверката никогаш не би биле заедно

Ана Ололовска