Приведени две лица, пронајдена марихуана во „голф“

Од:

Полициски службеници од ПС Кичево, синоќа околу 22,40 часот од страна на регионалниот пат Кичево – Осломеј, во патничко моторно визло „голф“ пронашле и одзеле марихуана, а две лица се приведени.

– Запрено е патничко моторно возило „голф” со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од М.М.(35) од село Пласница а во кое како сопатник бил Е.Д.(34) од истото село. По извршен преглед на возилото и лицата, кај М.М. пронајдена и одземена е марихуана, соопштија денеска од МВР.

Лицата, стои во соопштението, се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до наделжното обвинителство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот