Лондон и Сингапур потпишаа договор за слободна трговија

Од:

Лондон и Сингапур денеска потпишаа договор за слободна трговија во време кога има се помалку надеж за компромис меѓу Велика Британија и Европската унија по Брегзит.

Договорот во Сингапур го потпишаа министрите за трговија на двете земји и ќе опфаќа трговија во вредност од 22 милијарди долари годишно. Договорот треба да обезбеди значителна поддршка на Велика Британија во Азија, додека земјата преговара за односите со ЕУ по напуштањето на Унијата.

Лондон го потпиша првиот голем билатерален трговски договор по Брегзит во октомври со Јапонија. Но, договорот со Сингапур е прв со земја членка на АСЕАН – Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија, која брои 10 членки и околу 650 милиони жители.

Договорот за слободна трговија меѓу Велика Британија и Сингапур е направен според постојниот договор меѓу Европската унија и Сингапур.

Тој предвидува укинување на царините, отвора реципрочен пристап до пазарите на услуги и ги намалува нецаринските бариери за електронска стока, возила и резервни делови, фармацевтски производи и медицински помагала, како и за производство на обновлива енергија.

Се очекува царините да бидат укинати во 2024 година, како што е предвидено во договорот ЕУ-Сингапур.

Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен си дадоа рок до недела да донесат одлука за ќорсокакот во преговорите по Брегзит.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски