САД воведоа санкции против криминални и корупциски играчи од Азија и Африка

Од:

На Меѓународниот ден за борба против корупцијата, властите во САД вметнаа повеќе лица и фирми од Азија и Африка во списокот санкции во рамките на Глобалниот акт Магнитски.

Како што соопшти денеска Министерството за финансии, Канцеларија за контрола на странски капитал (ОФАК), новосанкционирани се три лица: Ван Куок Koи(познат по прекарот „Скршен заб“), лидер на меѓународната криминална организација 14К (тријада), со главни операции во Макао и Хонгконг, потоа Раимбек Матраимов, поранешен заменик директор на царина во Киргизија,и Хари Варни Шерман, корумпиран сенатор и адвокат од Либерија. Фирмите додадени во списокот се од Палау,Хонгконг и Камбоџа.

На сите ставени во списокот Магнитски на ОФАК им се замрзнуваат сметките и капиталот во САД и им е забрането да патуваат во земјава.

Законот Магнитски е усвоен од Конгресот на САД во 2012 година и санкционира лица и компании од Русија поврзани со нарушување човекови права и корупциски дејности. Со усвојување на негова меѓународна верзија, законот во 2016 година се прошири на глобално рамниште.

Називот на законот доаѓа од презимето на рускиот даночен консултант Сергеј Магнитски, кој во 2008-2009 година беше измачуван и убиен во затвор во Москва, откако разоткри корупциска шема вредна над 200 милиони долари, создадена од поединци од даночната служба на Русија. Сите тои сега се наоѓаат на списокот.

Сличен закон вчера усвои и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија