Десетици земји го поддржуваат Светскиот повик за слобода на медиумите

Од:

Министри од повеќе од 50 земји ќе потпишат изјава со повик за заштита на новинарите на конференцијата на ОН што се одржува денеска во Холандија, објави холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок.

Светската конференција за слобода на медиумите во Хаг, што се одржува виртуелно поради пандемијата на коронавирусот, ќе разгледува како поефикасно да се бориме против насилството врз медиумските работници.

Говорници се филипинската новинарка Марија Реса, обвинета за критикување на владата на Родриго Дутерте на нејзината веб-страница и свршеницата на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.

– Новинарите ширум светот треба да бидат подобро заштитени за да ја играат својата улога како чувари на демократијата, рече министерот Блок на почетокот на конференцијата, поддржана од УНЕСКО.

„Фактот дека имаме повеќе од 50 министри кои учествуваат на Светската конференција за слобода на печатот е прв од ваков вид“, рече тој, додавајќи дека ќе изврши „дипломатски притисок“ врз оние кои не ја потпишале декларацијата.

Холандскиот министер рече дека неговото семејство е лично погодено од насилство врз новинари откако неговиот братучед, дописникот на Фајненшл тајмс, Сандер Тонес (30) беше убиен во Источен Тимор во 1999 година

Активистичката група, Репортери без граници, на почетокот на оваа година соопшти дека пандемијата веќе ги влоши значително заканите за слободата на печатот низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

ЕК: Северна Македонија треба да работи на целосно усогласување со европското законодавство за слобода на медиумите

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Гутереш по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без слобода на печатот, нема демократски општества

Соопштени победниците на Наградите за слобода на печатот за 2021 година

А1он

Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации

Демократски Сојуз: Фонд за критички медиуми и истражувачко новинарство