ОАЕ: Ефикасноста на кинеската вакцина на „Синофарм“ е 86 отсто

Од:

Експерименталната вакцина на кинеската национална фармацевтска група „Синофарм“ има ефикасност од 86 проценти, соопшти денеска Министерството за здравство на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), повикувајќи се на резултатите од последната фаза на тестирање.

Емиратите уште во јули ја почнаа третата фаза на клиничкото тестирање на вакцината, развиена од Институтот за биолошки производи во Пекинг, што работи како дел од „Синофарм“, пренесуваат британските медиуми.

Анализата укажува на 100-отстотна ефикасност на вакцината во спречување на умерени и сериозни случаи на заболување и нема сериозни безбедносни проблеми, посочува Министерството за здравство на ОАЕ.

Министерството додава дека вакцината е официјално регистрирана, но не дава повеќе детали за неа. Во тестирањата во Емиратите учествуваа 31.000 волонтери од 125 различни националности.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он