ВМРО-ДПМНЕ: Лошите политики придонесоа државата економски да пропаѓа

Од:

„Македонија и официјално е во рецесија. Лошите политики допринесоа државата економски да пропаѓа. Од толку што е јак економист Заев, Македонија проплака. За 10 месеци 50.000 луѓе останаа на улица. Ни се случува втора транзиција.

Заев е политичарот кој велеше дека блескаме, а донесе рецесија и немаштија.

Вчера ДЗС објави статистика дека цените на мало растат, тоа значи дека храната и пијалоците стануваат се поскапи. Лебот станува се поскап! Преживувањето во Македонија под Заев е се потешко“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. Заев донесе апсолутна сиромаштија.

Состојбата ќе станува уште подраматична особено, ако се земе во предвид фактот дека извозот е намален, тоа значи дека се помалку работат фирмите и е намалена економската активност.

Намалената активност на фирмите влијае и на намалувањето на приходите во Буџетот, се на се крах во економијата.

Јавниот долг за неполна година е зголемен од 49% од БДП на 61%. Додека буџетскиот дефицит за оваа година ќе изнесува над 900 милиони евра. Ова е економско цунами.

Заев продава се државно за да може да ги покрие дупките, а народот останува без леб“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Преговорите за новата Влада ќе завршат во следните неколку дена

ДУИ: Изборниот легитимитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот