Нов инцидент во Ерусалим

Од:

Четиринаесет палестински возила се оштетени на окупираното Западно крајбрежје и во источен Ерусалим, во напади за кои е осомничено милитантно еврејско население.
Во палестинското село Зубеидат стои порака од Евиатар, дека Господ ќе се освети за неговата крв.

Израелската полиција прецизира дека седум возила се запалени и оштетени во Зубеидат и во соседно село, а уште седум во источен Ерусалим.

Мета на нападите на милитантното еврејско население обично се џамиите и палестинските домови, но и цркви и манастири, па дури и израелските воени бази, пренесе „Ројтерс“.

Во повеќе од 100 еврејски населби на Западното крајбрежје и во источен Ерусалим живеат речиси пола милион еврејски населеници, помеѓу 2,5 милиони Палестинци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег