Владата направи чекор кон набавка на вакцини за Ковид-19

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 26-та седница, ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година со што се потврдува намерата на Министерството за здравство да учеството во COVAX Facility за набавка на 833.000 дози на вакцини за КОВИД-19.

Програмата ќе се реализира во рамките на одобрените средства во висина од 487.900.000,00 денари (осум милиони евра), од кои 69.722.000,00 денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против КОВИД-19.

Министерството за здравство претходно соопшти дека со измена на Програмата за вакцинација сме чекор поблиску до обезбедување на вакцините за Ковид-19 преку Ковакс-механизмот.

– Програмата предвидува измени во делот за финансиски средства, како една од обрвските преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс-механизмот. Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот. Преку Ковакс-механизмот ќе се обезбедат 833.000 вакцини – дози за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација, информираше попладнево Министерството за здравство.

Вакцините во земјава ќе стигнуваат согласно со планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс, Испораката ќе биде истовремено во сите 127 земји, како и во земјите од регионот – Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и дел од Србија.

Првата испорака на вакцини се очекува во првите месеци од 2021 година, соопшти Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада