Распишан конкурост за уписи на штипскиот универзитет

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип го распиша конкурсот за упис на студенти во прва година во академската 2013-2014 година.

Марија Манева од Центарот за односи со јавност при УГД-Штип денеска информира дека годинава на 13-те факултети има слободни места за 5.068 бруцоши, од кои околу 4.000 за редовни и 1.000 за вонредни студенти.

– Идните студенти имаат можност да бираат меѓу 13. факултети и 100 студиски програми. Ново е тоа што Економскиот факултет ќе отвори дисперзирани студии во Радовиш, а тоа се „Финансиски менаџмент“ и „Менаџмент и претприемништво“, понатаму Технолошко-техничкиот факултет има студиска програма во Кочани, а Земјоделскиот факултет со студиската програма „Рурален туризам“ ќе биде застапен во Берово и Електро-техничкиот факултет има студиска програма во Гевгелија, вели Манева.

Правниот факултет е со седиште во Штип, а на Економскиот факултет од оваа година е со седиште во Струмица. Природно-техничкиот факултет има свои дисперизирани студии во Кавадарци, Прилеп, Скопје и Крива Паланка.

Првиот рок за уписите на 13-те факултети и на дисперзираните студиски програма на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе се реализира на 13,14 и 15 август оваа година.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование