Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за транспорт врски и екологија се измените на Законот за домување и измените и дополнувањата на Законот за железнички систем и на Законот за комуналните дејности, сите три во второ читање.

Три закони во второ читање ќе се најдат и пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Станува збор за Предлог измените на Законот за административни службеници поднесен од парламентарното мнозинство, како и Предлог – измените на Законот за личното име и Предлог измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба