Братушек: Можни плати во обврзници во Словенија

Од:

Доколку сегашните мерки за финансиска стабилизација на Словенија не бидат доволни, премиерката Аленка Братушек не ја исклучува можноста за исплата на дел од платите во јавниот сектор во едногодишни обврзници, со гаранции за државата.

– Се уште размислуваме дали на некој начин државата може да се задолжи кај граѓаните, рече Братушек.

Претходно, словенечкиот министер за економија Станко Степишник за весникот „Финанце“ рече дека на вработените во јавниот сектор износот на плати над 1.500 евра би се плаќал со едногодишно одложување, а за тоа би добиле обврзници со државни гаранции.

Намалувањето на платите во јавниот сектор, кое е договорено со синдикатите и ќе се применува од 1 јули, би било неопходно поради финансискиот дефицит на државата, а ако биде потребно, словенечката Влада не исклучува во иднина некој облик на задолжување кај граѓаните, рече Братушек.

 

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Затруените македонски војници во Словенија се во добра состојба

Катерина Ѓуровски

Македонски војници затруени со јаглерод моноксид во Словенија, двајца во болница

Катерина Ѓуровски