Трамп ги повлекува речиси сите војници од Сомалија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на речиси сите американски војници од Сомалија најдоцна до 15 јануари, изјавија официјални претставници.

Трупите кои ќе останат во таа земја ќе бидат стационирани во главниот град Могадишу.

САД имаат околу 700 војници во Сомалија, кои им помагаат на локалните сили во борбата против бунтовничката група Ал Шабаб, поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда.

Таа мисија не привлече многу внимание во САД, но се смета како основа за глобалните напори на Пентагон да и се спротивстави на Ал Каеда.

Трамп веќе најави намалување на бројот на војниците во Авганистан и Ирак.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија