Кипар воведува ограничување на цените на тестовите за Ковид-19

Од:

Министерството за здравство на Кипар воведува највисоки цени за тестовите за Ковид-19, односно молекуларните (ПЦР) не смеат да бидат над 55 евра, а плафонот за брзите тестови е 25 евра. Одлуката стапува во сила од денеска, а во цената не е вклучен ДДВ.

Од Министерството потенцираат дека тестирањата со брзите тестовите ги вршат само здравствени работници, а процесот на земање примероци е опасен и „брзите тестови не се наменети за самотестирање“.

Додаваат дека позитивните резултати од брзите тестови се проверуваат со молекуларен метод пред да бидат вклучени во потврдени случаи на Ковид-19.

Плафон за цените на тестовите ќе воведе и Грција, како што беше соопштено минатата седмица, со цел да се спречи профитерство.

Во Грција цените се пониски отколку на Кипар, па молекуларниот ПЦР тест не смее да биде поскап од 40, а највисоката цена за брзиот тест е 10 евра.

Би можело да ве интересира

Кипар ја намалува на три месеци валидноста на потврдата за прележан Ковид-19

За да ја поттикне вакцинацијата, Кипар ги укина бесплатните брзи тестови

Македонија останува на портокаловата листа за патување на Кипар

Бонус за летен одмор за вакцинираните на Кипар

Министрите од кипарската влада се вакцинираат со „Астра зенека“

Кипар ќе почне со постепено намалување на рестриктивните мерки