Белорусија: Во изградба град вреден 5 милијарди долари

Од:

Во шумите, во близина на Белоруската претстолнина Минск, Кина работи на изградба на индустриски град кој треба да биде отскочна даска за извоз на нејзините производи во државите на ЕУ и Русија.

Претседателот на Белорусија Александер Лукашенко за таа цел го намени подрачјето околу меѓународниот аеродром во Минск, каде што во вредност од 5 милијарди долари ќе биде изграден град за околу 150.000 лица.

Овој модерен град на евроазискиот континент ќе се протега околу автопатот кој ги поврзува Москва и Берлин, преку Полска и Белорусија.

Меѓународниот аеродром и центарот на градот ќе бидат поврзани со железничка пруга, а енергија ќе добива од нуклеарната централа, која што Русија се согласи да ја финансира и изгради до 2018 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад