Кривична пријава за седум лица за трговија со дрога

Од:

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка соработка со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава против А.М. (27) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело“, во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Р.А. (35) од село Житоше, Прилепско, Г.Х. (42) од Албанија, Ф.П.(29), М.Ѓ. (29), В.М.(34), тројцата од Скопје и П.Ѓ. (32) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 16.11.2020, Г.Х. пренел дрога од Албанија на територијата на земјава и во Дебар му ја предал на А.М., кој пак, по претходен договор со П.Ѓ., ја префрлил преку оградата на КПУ „Теферич“ во Струга. Потоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршиле претрес во собата каде П.Ѓ. веќе издржува казна затвор поради недозволена трговија со дрога, при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението канабис, мобилен телефон и сим картичка, со што П.Ѓ. повторно го врши кривичното дело за кое е осуден.

По преземени мерки било утврдено дека Р.А. во ноември од лице од Албанија ја набавил марихуаната, по што во комуникација со А.М. се договорил да ја пренесе преку зелениот појас на државната граница. На 21/22.11.2020 А.М. дрогата ја предал на Ф.П.. Потоа, на 25.11.2020 Р.А. и А.М. ја продале на П.Ѓ. за сума од 3.000 евра. На 26.11.2020 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници сопреле возило, управувано од В.М., во кое бил и М.Ѓ. и при преглед на истото била пронајдена марихуана и неколку мобилни телефони. На 26.11.2020 бил извршен претрес во викенд куќа во с.Моране, сопственост на М.Ѓ., каде биле пронајдени и одземени 1 килограм марихуана и пиштол калибар 8 мм без рамка. Исто така, на 26.11.2020 полициски службеници извршиле претрес на Р.А. во КПД Прилеп, му бил одземен мобилен телефон и СИМ картичка. Притоа, Р.А. веќе издржува затворска казна од триипол години за недозволена трговија со дрога, откако при преглед од полициски службеници извршен на 02.12.2019, му биле пронајдени 5 кг марихуана, со што тој, додека ја издржува казната, го повторил кривичното дело. При претрес извршен кај А.М., пак, биле пронајдени и одземени парични средства во износ од 3.000 евра, во различни апоени во денари и евра.

Од извршеното вештачењето било утврдено дека станува збор за маса од 2,7 килограми марихуана.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он