Градоначалниците на двете општини, Шенџин од Албанија и Ѓаково од Косово, престојуваа во Кичево, на официјална средба со општинските власти.
Тие му ја честитаа победата на градоначалникот Дехари и изјавија дека ова е голема и историска победа за целиот албански народ.
Меѓу друго Дехари рече:
„Јас од двајцата градоначалници примив најубави честитки за победата на последните локални избори. Разговаравме и за да ја продолжиме соработката во многу сфери, какви што се: културата, образованието, бизнисот, и ги примив поканите за да ги посетам овие две места. Ние ќе одиме на 10 јуни во Шенџин, кога градоначалникот ќе ја отвори туристичката сезона, а културниот ансамбл од Ѓаково летово ќе дојде на нашата манифестација на денот на печалбарите“.
„На оваа победа ѝ се приклучуваат сите Албанци и ние дојдовме за да почнеме соработка со оваа општина. Ова беше една од најголемите победи што ги имал некој албански кандидат за градоначалник, затоа што има своја симболика и историја“ – изјави градочалникот на Ѓаково.
„Убаво чуство е што денес сме овде во Кичево и, освен честитките, ние дојдовме и да подадеме рака за меѓусебна соработка. Ги повикувам граѓаните на Кичево да ги посетат убавите плажи на Шенџин“ – рече Салвадор Качај, градончалник на Шенџин.
Ф.Д.