Лукашенко: Балтичките држави се мешаат во работите на Белорусија

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги обвини Полска и балтичките држави дека намерно водат деструктивна политика кон Белорусија и се мешаат во внатрешните работи на земјата.

За време на денешниот видео самит на Организацијата за договор за колективна безбедност, Лукашенко изјави дека Белорусија „е принудена да се соочи со бесрамни обиди за мешање во внатрешните работи на земјата“ и изјави дека ова особено се однесува на поттикнување граѓански протести од странство.

– Тие отворено бараат да ја смениме нашата влада, законите и социјалните вредности и се закануваат дека ќе нè уништат со санкции, задушување на економијата и инфраструктурата и поткопување на моралните основи на кои почива белоруското општество, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад