Верувале или не, Марсел Пол, студент на Високата школа за економија и менаџмент во Есен, Германија, не можел да верува кога открил дека е тужен, затоа што само за три семестри го завршил студирањето.
„Кога ја примив тужбата, помислив дека тоа не можа да биде вистина“, раскажува за „Билд“, 22-годишниот Пол.
Пол сите испити ги положил за 20 месеци, што е само четвртина од вообичаено потребно време. Тоа му успеало со помош на двајца колеги, од кои ги добивал забелешките од предавањата на кои не стигнал да присуствува.
Училиштето сега го бара за да плати и сума од 3.000 евра, пари кои би ги потрошил ако студирал полни 11 семестри. Пол тврди дека тие знаеле за се и не се противеле. Портпаролот на училиштето не сакал да коментира ништо за случајот.