Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро изјавил дека фудбалот повеќе го сака од тенисот.
– Вистина е тоа дека фудбалот е мојата прва љубов и дека малку повеќе го сакам од тенисот. Ја сакам мојата работа, но мислам дека по крајот на мојата тениска кариера ќе можам да одиграм некој натпревар во било кој клуб,- изјавил Дел По за официјалниот сајт на ФИФА , а пренесува „Марка“.
Тој е навивач на Бока Јуниорс исто како и неговиот дедо. Исто така тој ја раскажал неговата приказна за тоа како се одлучил помеѓу фудбалот и тенисот.