Лавров: Тешко дека ќе ги повлечеме мировните сили од Транснистрија

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва тешко ќе го прифати барањето на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду, за повлекување на руските мировни сили од Транснистрија (Придњестовска Молдавска Република).

– Не ни е најјасно што мислеше Санду кога рече дека треба да се повлечат руските мировни сили, но тоа нема да помогне во решавање на прашањето и ќе биде навистина тешко да се прифати такво неодговорно барање, исткана Лавров.

Тој додаде дека „за одржување на добрите односи со која било држава потребно е да се почитуваат интересите на двете старани, како и претходните договори“.

Лавров истакна дека руските мировници се распоредени во конфликтната зона во согласност со договорот што го постигна работната група „Пет плус два“ под покровителство на ОБСЕ, и оти нивната цел е да се одржи мир во регионот.

Придњестровие е автономна проруска област во составот на Молдавија, а всушност од 2 септември 1990 година е независна територија, но непризнаена од меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он