Спасовски – Ди Џовани: Остануваме отворени за соработка во полза на заедничката цел – заштитата на најмалите

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска денеска имаа средба со претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција Ди Џовани.

На средбата, како што соопшти МВР, се разгледуваа досегашната и идната соработка меѓу Министерството и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Министерот Спасовски истакна дека покрај размената на информации и гледишта во делот на досегашната соработка, со своите најблиски соработници ќе се заложи за нејзино унапредување.

Во таа насока беа разгледани неколку предлози меѓу кои и усогласувањето на законодавството со ЕУ и меѓународните стандарди, соработката во однос на заштитата од насилство преку интернет, сместувањето на децата странци, меѓуресорската соработка, како и работата на меѓусекторските тимови, особено во контекст на заложбите на Владата за постепено ставање на крај на насилството врз децата и нивна заштита.

-Од двете страни беше изразена отвореност за соработка преку различни форми, а особено преку проектот поддржан и од Европската унија за заштита на децата и реформите во правосудниот систем, во кој покрај МВР се инволвирани и повеќе други национални институции, вклучување на МВР во системот Мој термин на Министерството за здравство при случаи на насилство врз децата, дигитализација на работата на МВР. Спасовски и Ди Џовани остануваат отворени за соработка во полза на заедничката цел – заштитата на најмалите, наведува МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари