Австралиската држава Квинсленд по осум месеци ги укина ограничувањата за Нов Јужен Велс и Викторија

Од:

Австралиската сојузна држава Квинсленд, првпат по повеќе од осум месеци, ги укина граничните ограничувања за другите две најнаселени држави – Нов Јужен Велс и Викторија, со што се овозможи обединување на семејства и помош за економското закрепнување на таа сојузна држава.

Отсега натаму, граѓаните на Нов Јужен Велс и Викторија ќе можат слободно да патуваат во Квинсленд.

На некои области на Нов Јужен Велс накратко им беше дозволено да патуваат во Квинсленд во јули оваа година, но таа можност брзо беше укината.

Контролните пунктови на патот, помеѓу Квинсленд и Нов Јужен Велс, беа отстранети рано утрово, додека првите авиони слетаа во шест наутро по локално време. Патниците на аеродромот во Бризбејн беа пречекани од пејач и пијанист.

Во Квинсленд денеска треба да слетаат 26 летови од Викторија и Нов Јужен Велс.

На граѓаните на Јужна Австралија сè уште им е забрането да патуваат во Квинсленд, бидејќи во последните неколку недели се пријавени повеќе од 30 случаи на коронавирус.

Речиси 28.000 случаи на коронавирус се пријавени во Австралија, според податоците на Министерството за здравство на земјата, што е значително помалку отколку во многу други развиени земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа