Османи-Ковни: Поддршка на Ирска за имплементација на реформите во земјава

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари видео средба со Симон Ковни, министер за надворешни работи и одбрана на Ирска, на која се заблагодари за искреното пријателство и континуирана поддршка на Ирска за европската интеграција на државава.

Како што соопшти МНР, Османи на средбата изразил очекување дека наскоро ќе бидат отворени нови страници во односите на Северна Македонија со Европската Унија преку отпочнување на пристапните преговори.

-Северна Македонија продолжува со својата визија за отворен пристап кон европските партнери, без разлика дали се од нашето поблиско или подалечно опкружување, засновано на определбата за пријателство, широка соработка и меѓусебно почитување, истакнал Османи.

Министерот Ковни се осврна на добиената поддршка од Северна Македонија во однос на нивниот избор за непостојана члена на Советот за безбедност на ОН за 2021-2022, реафирмирајќи ги целите за мир и мирно решавање на конфликтите, соочување со климатските промени, постигнување одржлив развој и родова еднаквост.

Во однос на европските перспективи, ја повтори поддршката на ирската Влада за имплементација на реформите во нашата земја и надеж за постигнување напредок во процесот на приближување кон европското семејство.

Соговорниците разговараа и за билатералната соработка, при што искажаа задоволство од јакнењето на односите и соработката, што се рефлектираше преку поставувањето нерезидентни Амбасадори на Северна Македонија и Ирска оваа година. Воедно, го акцентираа потенцијалот за натамошно продлабочување на комуникацијата во областите од заеднички интерес, стои во соопштението на МНР

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции