Блокирана сметката на ВМРО-ДПМНЕ, уште не се платени позлатените рамки и сликите од Груевски

Од:

Извршител ја блокирал сметката на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови поврзани со уметничките слики, односно рамките, поставени во седиштето на партијата. Сумата која партијата треба да ја плати е засега непозната, а долгот е од времето на поранешното раководство на чело со претседателот Никола Груевски.

Сликите беа поставени по изградбата на новото партиско седиште, кое е луксузно опремено. Фирмата која ја блокирала сметката, досега од партијата не ја открија. Оттаму само ја потврдуваат информацијата за долгот и напоменуваат дека тој е од пред неколку години.

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ по изградбата беа околу 270 уметнички слики. Мотивите на сликите се од партиските собири, а има и такви каде е насликано поранешното раководство на партијата. Дел од нив добија и позлатени рамки. Ликовите на Никола Груевски со неговата сопруга Боркица, Гордана Јанкуловска, Зоран Ставревски, Влатко Ѓорчев, Антонијо Милошоски, Трајко Вељановски, Никола Тодоров се на дел од сликите, кои беа насликани и од странски автори.

Имотот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е исто така замрзнат од Обвинителството, трета година по ред. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“ кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година, а постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски