Белоруската полиција, на денешниот протест наречен „Соседски марш“, уапси 26 лица, соопштија активистите од Центарот за човекови права „Весна„ на нивната веб-страница на која го објавија и списокот со имињата на уапсените, од кои некои се уапсени во центарот на Минск, а некои на периферијата на гардот, јави Тасс.
Меѓу уапсените е и Дмитриј Крук, член на Координативниот совет на опозицијата, а веста за неговото апсење е објавена на Телеграм.
Министерството за внатрешни работи во Минск се уште не се изјасни за најновите протести, додека само портпаролот на полицијата порача дека сите официјални информации за денешните протсти ќе бидат објавени вечерва.
Учесниците на денешните протести формираа повеќе колони на различни делови од Минск. Полицијата на неколку контролни пунктови апси и приведува демонстранти за да ги спречи да стигнат до центарот на градот.