Демонстрантите во Варшава и во другите полски градови денеска организираа маршеви во знак на протест поради рестриктивниот Закон за абортус и полициското насилство на неодамнешните протести.
Демонстрантите во Варшава побараа од градските власти да се преименуваа плоштадот, на кој често се собираат, во „Кружен тек на женските права“. Тие тврдат дека новото име е подобро од актуелното – Роман Двомски, државник кој имаше клучна улога во ослободувањето на Полска во 1918 година, но беше и антисемитист.
Протестите под мотото „Во име на мајките, ќерките, сестрите“ во Краков, Гдањск и другите градови се одржани на денот кога жените во Полска пред 102 години се стекнаа со правото на глас.
Полицијата преку мегафони ги опоменуваше демонстрантите дека маршевите се недозволени.
Протестите во Полска почнаа откако Уставниот сѕд на 22 октомври донесе одлука за забрана на абортус на фетус со вродени аномалии, дури и ако нема шанса да преживее. Во Полска веќе беше во сила еден од најрестриктивните закони за абортус, според кој е дозволен прекин на бремненоста само во случај на аномалии на плодот, ризик по здравје на жената или во случај на инцести силување.
Активистите бараат целосна либерализација на законот за абортус и оставка од десниочарската Влада, која се уште не ја имплементирала одлуката на судот.